Украинците го активираа пректот ,,Трозубац”, ласерот ја погоди целта! Сè за моќното оружје кое има домет до 2 километри, еве ги неговите главни цели (ФОТО)
Вадим Сухаревски, командант на украинските борбени системи без екипаж, рече дека Киев постигнал напредок во развојот на оружје за насочена енергија (ласери) за употреба во војната што ја води против Русија.
„Киев пост“ пишува дека тој тоа го кажал во опширното интервју дадено претходно оваа недела за украинското Радио Свобода.
Се потсетува дека неколку украински медиуми објавија написи на крајот на минатата година, цитирајќи ја изјавата на Сухаревски дека Киев го развил ласерското оружје „Трозубац“, кое „веќе може да соборува авиони на надморска височина над два километри“.
Во интервју за Радио Свобода, Сухаревски беше прашан за напредокот на проектот.
Тој одговори дека неговата команда е ангажирана во низа активности поврзани со истражување и развој на оружје, од кои многу се фокусирани на борбата против непријателските беспилотни системи, а особено на беспилотните летала Шахид камиказе, кои Русите ги испраќаат стотици во нападите врз Украина.
– Да, повторувам дека нашата ласерска технологија веќе удира одредени објекти на одредени висини – рече Сухаревски без да наведе детали.
Тој претходно изјави дека Украина стана петта земја во светот која има употреблив воен ласерски систем.
„Киев пост“ наведува дека не е јасно точно за каков систем се работи, но дека тоа што е именувано по украинскиот национален симбол на трозабец укажува дека е домашно производство, а не се купува од странство.
Се наведува дека ако украинската ласерска технологија успешно се примени на фронтот, тоа би можело да влијае на текот на војната бидејќи би ја намалило потребата од употреба на системи за противвоздушна одбрана и проектили.