Милош Биковиќ, српскиот актер со завидна кариера и во Русија, постигна голем успех и затоа ќе се појави во третата сезона на популарната серија на HBO White Lotus, која предизвика коментари и во Украина.
„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија, сега ќе глуми во третата сезона на „White Lotus“ на HBO“, објави украинското министерство на Твитер.
Во споменатата публикација има и снимки на Биковиќ со различни реплики во филмови, изјави за Русија, како и награди што ги добивал во Србија и Русија.
„Дали е во ред да се работи со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право“, е прашањето што Украинците го испратија до платформата HBO.