Додека целиот свет моментално е фокусиран на Блискиот Исток, на конфликтот меѓу Израел и Хамас, војната продолжува меѓу руските напаѓачи и украинските ослободителни сили.
Во текот на вчерашниот ден Украинците соопштија дека успешно оштетиле два брода на руската држава.
Во меѓувреме, денеска украинските беспилотни летала ФПВ нападнаа руски оклопни возила и пешадија кои се упатија кон градот Авдиивка.
На социјалните мрежи веќе се објавени снимки од нападот на рускиот тенк и бегството на војниците на Владимир Путин.
Ukrainian FPV drones attack Russian armored vehicles and infantry in the Avdiivka direction pic.twitter.com/wr5n23sxW6
— NEXTA (@nexta_tv) November 11, 2023
Потсетуваме дека разузнавањето на Министерството за одбрана на ОК минатата недела објави дека Русија можеби ангажирала до осум бригади во секторот каде што започнаа „големите офанзивни напори“ во средината на октомври.
Инаку, украинските вооружени сили тврдат дека Русија досега изгубила околу 299.000 војници од почетокот на инвазијата, која започна на 24 февруари минатата година.