Украинците го соборија најскапиот руски дрон: „Мерлин ВР“ соборен на фронтот, има и видео

Вооружените сили на Украина, наводно, го собориле најскапиот руски дрон „Мерлин ВР“ на фронтот кај Лиман .

Станува збор за најскапото беспилотно летало во сопственост на руските сили, се наведува во соопштението на Оперативната стратешка група на украинските вооружени сили Хортиција, пренесува порталот News Ukraine .

Во областа Лиман, украинските противвоздушни сили од 63-та бригада и 45-та специјална артилериска бригада учествуваа во соборувањето на непријателски дрон.

И покрај напорите на механизираната бригада и артилериските единици, украинските војници не успеале да стигнат до местото на несреќата, но снимиле фотографии од уништениот руски дрон.

Дронот „Мерлин ВР“ е најскапиот дрон во руските вооружени сили, а еден чини околу 300.000 долари. Експерименталниот извидувачки дрон може да лета на височина од 5.000 метри и да остане во воздух до 10 часа. Досегот му е 600 километри.

И покрај неговите технички способности, тој не успеа да остане незабележан и да ја заврши мисијата.