УКРАИНЦИТЕ НЕ ЗНААТ ЗА ДОСТА – Нов силен удар за Русите: “Дронови го погодија нашиот танкер и го запреа сообраќајот на мостот на Крим…“

Украински беспилотни летала погодија руски танкер во Керченскиот теснец, со што накратко беше запрен сообраќајот на стратешкиот мост што го поврзува полуостровот Крим со Русија, објавија во саботата руските медиуми.

Бродот е оштетен, а на местото на несреќата пристигнале два шлепери, објави медиумската агенција ТАСС, додавајќи дека од бродот на кој имало 11 луѓе не истекувала нафта.

Како што пишува Moscow Times, станува збор за хемиски танкер SNG, кој бил под санкции затоа што ги снабдувал со гориво руските сили кои му дошле на помош на режимот на Башар ал Асад за време на војната во Сирија.

Сообраќајот на мостот што го поврзува полуостровот Крим со Русија бил во прекин три часа пред да биде обновен рано наутро во саботата.

Мостот „Керч“ е единствениот мост што го поврзува полуостровот со Русија и се користи за транспорт на опрема на руската Армија на украинскиот фронт, а треба да се напомене дека во последниот период мостот е честа мета на украински напади.