Украинските сили го погодија напредниот руски систем за воздушна одбрана С-300 во близина на Новошахктинск во Ростовската област.
Ова го потврди генералштабот на украинската армија, кој соопшти дека нападот бил извршен синоќа.
„Експлозиите се внимателно следени. Точноста на нападот е многу висока“, соопшти генералштабот – без да даде детали за последиците.
Веста доаѓа во време кога властите во руската Ростовска област објавија дека собориле неколку украински ракети во западниот дел на овој регион.
Новошактинск се наоѓа во северозападниот дел на Ростов, околу 60 километри северно од Ростов на Дон, поточно 15 километри источно од границата со Украина.
Станува збор за системот за воздушна одбрана С-300 од советската ера, кој е дизајниран да пресретнува ракети со долг дострел.
The strike of Ukrainian Defense Forces on an S-300 air defense position near Novoshakhtinsk, Rostov region of Russia – Ukrainian General Staff.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 21, 2024
“A missile flew in, blew up the air defense,” people in the video say. pic.twitter.com/7BYm9X9CJ6