Украинците побрзи од остатокот од светот: Месечно произведуваат 35 самоодни хаубици „Бохдан“

Во 2023 година, украинските одбранбени компании можеа да испорачаат најмногу шест месечно, додека денес произведуваат до 35 самоодни хаубици „Бохдан“ за еден месец, што се смета за најбрза производствена линија во светот.

Неименуван извор од компанијата за американските медиуми потврдил дека ова ниво на производство е постигнато благодарение на поддршката на западните партнери кои инвестирале во погони и машини.

Иако компанијата тврди дека „произведуваат повеќе од 20 самоодни хаубици месечно“, американскиот специјализиран портал за одбрана Army Technology тврди дека оваа бројка е дури 36.

Поради зголемувањето на интензитетот на артилериските дуели на фронтот, украинската програма за самоодни хаубици Бохдана е од клучно значење за создавање рамнотежа на силите на теренот.

Странските партнери ја поддржаа набавката и производството на овие хаубици со тоа што и исплатија одредени средства на компанијата што ги произведува, за за тие пари хаубиците да и бидат доставени на украинската армија. Така, данската влада во 2024 година одвои средства за производство на 18 самоодни хаубици кои беа направени за украинската армија.

Првиот прототип на украинската самоодна хаубица 2S22 Bohdan беше претставен на јавноста како дел од 27-та парада на Денот на независноста на Украина, која се одржа во Киев во август 2018 година.