Украински официјален претставник изјави дека е извршен напад со дрон врз важна руска рафинерија во регионот Рјазан, кој се наоѓа во западна Русија, на речиси 500 километри од украинската граница.
Новиот напад доаѓа во време на украински тензии со Вашингтон, кој се вели дека ги критикувал нападите на Киев врз енергетските инсталации на руска територија во последните месеци, повикувајќи да престане.
„Дронот беше искористен за напад на рафинеријата Рјазан“, изјави за АФП извор од украинската специјална служба.
Локалните медиуми објавија дека се слушнале експлозии и дека дошло до пожар во рафинеријата во сопственост на рускиот нафтен гигант Роснефт, која според порталот на компанијата има капацитет од 17 милиони тони нафта годишно.
A swarm of Ukrainian drones struck the Ryazan oil refinery in Russia a few hours ago, causing a large fire.
— Visegrád 24 (@visegrad24) May 1, 2024
The Ryazan oil refinery is the second-largest oil refinery in Russia and was struck by Ukrainian drones a few weeks ago as well.
Bad news for Russia’s oil and gas sector pic.twitter.com/ruxyAriE3x
Гувернерот на регионот Павел Малков преку Телеграм потврди дека е извршен напад со дрон, но не соопшти други детали, прецизирајќи дека според прелиминарните податоци нема жртви.
Градот Рјазан се наоѓа на околу 190 километри југоисточно од Москва. Украинската војска, која се бори против руските сили, ги засили нападите со беспилотни летала врз рафинериите и складиштата во Русија во последните месеци во обид да го наруши нејзиниот производствен капацитет.
Во меѓувреме, Русија систематски ги таргетира објектите на енергетската инфраструктура во Украина.
Инаку, Русија ја започна неоправданата инвазија на украинската држава на 24 февруари 2022 година, предизвикувајќи илјадници жртви и голема материјална штета.