Украинците тврдат дека го уништиле најновиот систем за воздушна одбрана на Кремљ и го погодиле со американски ракети ATACMS

Украинските сили можеби го уништиле најновиот руски систем за противвоздушна одбрана С-500 погодувајќи го со американски ракети АТАКМС.

„Изјавено е дека најновиот систем за противвоздушна одбрана С-500 бил уништен со ракета ATACMS. Цената на еден ваков ракетен систем е 600 милиони долари“, изјави Андриј Цаплиенко, украинскиот новинар кој ја објави оваа вест на Телеграм, без да објасни каде и кога бил уништен овој систем, пренесува Телеграф.

Генералот Кирило Буданов, шеф на украинското воено разузнавање, на 12 јуни изјави за украинските медиуми дека Русија составила компоненти на ракетниот систем С-500 во анектираниот Крим.

Воени експерти процениле претходно овој месец дека Русија може да има четири системи С500 на Крим, познати и како Прометеј.

Од друга страна, Украинците со набавка на западно оружје неодамна успеаја да уништат значителен број руски системи за противвоздушна одбрана.