Украинците тврдат дека Русите изгубиле уште 1.160 војници и 58 артилериски системи во последните 24 часа

Генералштабот на украинската армија соопшти дека Русија изгубила уште 1.160 војници и 58 артилериски системи во последните 24 часа.

Украинците во најновиот извештај за загубите на напаѓачите дадоа детали од бојното поле, пренесува Телеграфи.

Според Киев, Русите од 24 февруари до 16 јуни оваа година (денес) изгубиле воена машинерија и персонал како што следува на списокот објавен подолу:

526.310 (+1.160) воени лица;

7.956 (+0) тенкови;

15.269 (+6) оклопни автомобили;

13.913 (+58) артилериски системи;

1.104 (+1) ракетни системи;

853 (+0) системи за противвоздушна одбрана;

359 (+0) авиони;

326 (+0) хеликоптери;

11.159 (+11) дронови;

2.296 (+3) ракети;

28 (+0) воени бродови;

1 (+0) подморница.