Украинците тргнаа во нова офанзива! Путин призна: ,,Ситуацијата е многу тешка!” Тие собираат сили во регионот Курск, Зеленски му ,,пикна” прст во окото на Кремљ

Русија соопшти дека се бори против нова украинска офанзива во областа Курск, а рускиот претседател Владимир Путин призна дека ситуацијата таму е „многу тешка“ кога се состана со регионалните гувернери.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина распоредила два механизирани баталјони, тенкови и оклопни возила на околу 10 километри од границата, југоисточно од градот Суџа, кој е под контрола на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот ги пофали војниците за нивната офанзива во регионот Курск и додели неколку одликувања на воените единици.

– Окупаторот може и треба да биде нападнат на сопствена територија. Операцијата Курск јасно го покажува значењето на принципот „мир преку сила.

Канцеларијата на Зеленски ја обвини Москва за „рамнодушност“ кон судбината на сопствените граѓани .

– Подготвени сме да отвориме хуманитарен коридор од Курската област до длабочините на Русија како одговор на официјалното барање на Руската Федерација. Очигледно Русите не сакаат таков хуманитарен коридор, бидејќи од нив не сме добиле соодветно барање.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија прави сè што може за руските цивили во Курск, но Москва одби јавно да ја коментира идејата за хуманитарен коридор.