Украинците штотуку се пофалија дека освоиле уште едно важно стратешко место: “Имаме многу добри вести!“

Украинските сили го ослободија селото Андриевка во источна Украина, соопшти денес заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.

Во извештајот за ситуацијата на теренот, Хана Маљар вели дека главните битки продолжуваат во правец на Андриевка, Курџумивка и Клишчиивка.

Имаме добри вести, Андриивка е наша“, напиша во објава на социјалната мрежа Телеграм, Хана Маљар и додаде: „Ги обезбедуваме нашите позиции“.

Селото Андриевка се наоѓа во областа Доњецк во источна Украина, која е делумно окупирана од руските вооружени сили.

Тоа е последната област во растечкиот список на населени места што ги вратија украинските сили во нивната контраофанзива.