Украинците ја дигнаа во воздух базата на ФСБ, камерите снимаа сè: Оружјето на Макрон пресуди против шпионите на Путин
Украински борбени авиони извршија напад врз базата на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Белгородската област, при што, според извештајот, биле убиени припадници на руската разузнавачка служба.
Каналот „Соњашник Телеграм“, близок до украинските воздухопловни сили, објави дека нападот е извршен од борбени авиони МиГ-29, кои биле вооружени со прецизни водени бомби „ААСМ Хамер“ од француско производство.
Аналитичарите на Open Source Intelligence (OSINT) на Platform X (порано Twitter) ја потврдија локацијата на засегнатата зграда на ФСБ, објави Newsweek .
Истиот канал објави и снимка од нападот, снимена со дрон, на која се гледа директен удар, а потоа и облак од чад што се издига кон небото.
„Ова се случува кога пораката не е разбрана на почетокот – потоа Козаците мора да го повторат разговорот“, се вели во описот што го придружува видеото.
Украинската војска интензивно користи AASM бомби во напади врз руски воени цели, вклучувајќи ги центрите за контрола на беспилотни летала и командните пунктови.
AASM Hammer air strike by the MiG-29 on the Russian base which as said was used by FSB. https://t.co/IbAyUOiJoJ pic.twitter.com/6Z5Qp2KFFn
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) May 26, 2025
Оваа прецизно водена бомба, произведена од француската компанија „Сафран електроникс енд дифенс“, е погодна и за длабински напади и за блиска воздушна поддршка.
Нападот доаѓа само неколку недели откако украинските сили наводно го зазедоа селото Демидовка во Белгородската област и по нападот на ХИМАРС во кој беа уништени четири руски хеликоптери.
Финскиот воен аналитичар Емил Кастехелми од групата „Блек берд“ претходно за „Њузвик“ изјави дека нема докази дека Украина направила дополнителен територијален напредок надвор од Демидовка. Според него, украинската операција веројатно имала за цел врзување на руските сили, а не широка офанзива насочена кон освојување на територии.
Според каналот „Соњашник“, украинските воздухопловни сили ќе продолжат да дејствуваат во сите правци додека трае војната во Украина . „Сафран Електроникс енд Дифенс“ за „Бизнис инсајдер“ изјавија дека значително го зголемуваат производството на бомби „ААСМ Хамер“ оваа година, но не е познато колку од нив ќе завршат во Украина.