Украл ТРАМВАЈ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ, ГО ВОЗЕЛ И ПОТОА ГО ОСТАВИЛ: Полицијата брка непознат возач на трамвај!

Во Загреб, во четвртокот вечерта околу 23 часот, непознато лице украло трамвај ЗЕТ од паркингот на загрепска Љубљаница и го возел низ градот.

Од ЗЕТ соопштија дека трамвајот го пронашле во близина на улицата Тратинска.

„Синоќа нешто пред 23 часот непознати сторители украле нископоден трамвај кој бил подготвен за сообраќај и го однеле на исток кон улицата „Тратинска“, каде го оставил возилото и заминал во непознат правец“, велат за Индекс.хр од ЗЕТ.

Насилникот откако излегол од трамвај побегнал, а за се била известена полицијата. При кражбата во трамвајот немало патници, во инцидентот нема повредени, а возилото не е оштетено.

Полицијата сега трага по лицето кое го украде трамвајот и ја симна снимката од камерата за видео надзор. ЗЕТ започна и внатрешна истрага.