Украниската тајна служба тврди: „Русија регрутира деца за терористички напади! Сè се случува на социјалните мрежи?!”
Украинската служба за безбедност (СБУ) тврди дека руските разузнавачки агенции регрутираат украински тинејџери, несвесни за нивната улога, со цел да ги искористат за извршување терористички напади на украинска територија.
СБУ тврди дека руските служби им нудат на децата на социјалните мрежи лесни пари со доставување пакети кои потоа се активираат од далечина и експлодираат.
Според соопштението, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) користела 15-годишно момче како „атентатор“ во Харков и е одговорна за смртта на тинејџер во Ивано-Франковск, на западот на земјата.
„Службата за безбедност на Украина секојдневно се спротивставува на обидите на руските разузнавачки служби да регрутираат малолетни Украинци и да ги користат како оружје за терористички напади”, се вели во соопштението на СБУ.
„Русија во моментов спроведува насочен лов на деца на социјалните мрежи.”
Слични случаи се регистрирани и надвор од Украина. Минатата недела, литванските обвинители го обвинија руското воено разузнавање дека го организирало подметнувањето пожар на стоковната куќа Икеа во Вилнус во 2024 година. Во тој случај беа уапсени двајца украински државјани.
Скај њуз, кој ја пренесе оваа вест, нагласува дека не може самостојно да ја потврди оваа информација.