– Унгарија испрати уште 33 полицајци на границата меѓу Србија и Северна Македонија како дел од борбата против илегалната миграција, објавено е на веб-страницата на унгарската полиција.
Тие припадници на унгарската полиција во следниот месец заедно со нивните српски колеги ќе извршуваат задачи на 113 километри долгиот дел од границата меѓу Србија и Северна Македонија, на главната рута на илегална миграција на балканската рута, се наведува во соопштението.
Главната задача на унгарските полицајци е спречување и откривање илегални гранични премини, шверцери на луѓе и илегални мигранти.