УНГАРИЈА ИСПРАТИ ЈАСНА ПОРАКА ДО ХАГ – Кабинетот на Виктор Орбан порача: “Доколку Владимир Путин дојде во земјата, нема да го уапсиме!“

Доколку тој влезе во земјата, Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин“, изјави во четвртокот одговорното лице на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, појаснувајќи дека за тоа да го направат немаат правна основа.

Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). МКС во петокот издаде налог за апсење на Владимир Путин, обвинувајќи го за воено злосторство односно за илегално депортирање на стотици деца од Украина во Русија.

Владимир Путин

На прашањето дали Владимир Путин ќе биде уапсен доколку дојде во УнгаријаГергели Гуљаш кажа дека – „Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем“.

Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на тоа не можеме да го уапсиме рускиот претседател, бидејќи статутот на МКС не стапил на сила никогаш во Унгарија“, изјавил Гуљаш на новинарите.

Тој, исто така, кажал дека Владата „не заземала став“ за налогот за апсење на Владимир Путин.

Ваквите одлуки не се најсреќни бидејќи придонесуваат за понатамошна ескалација на конфликтот, а не за мир. Тоа е мое лично мислење“, додал Гуљаш.

Владимир Путин, е третиот претседател по кој МКС издаде налог за апсење, но најверојатно тој нема наскоро да заврши на суд. Но, тој може да биде уапсен и испратен во Хаг доколку отпатува кај кој било член на МКС.