УНГАРИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА СО БЛОКАДА ЗА УКРАИНА – Првиот човек на дипломатијата порача: “Будимпешта ќе ја блокира следната исплата на воена помош за Киев“

Унгарија ќе ја блокира исплатата на следната фаза на воена помош за Украина во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) додека Киев не обезбеди „гаранции“ дека унгарската OTP Bank или други унгарски компании нема да бидат на црната листа како „меѓународни спонзори на војната“, порача денес министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Тој вели дека Унгарија е соочена со притисок да поддржи исплата на половина милијарда евра, но додаде дека Будимпешта не може да обезбеди поддршка без такви гаранции, пренесува медиумксата агенција Reuters.

За потсетување, Европскиот мировен фонд беше отворен во 2021 година и служи за финансирање на спречување конфликти, градење мир и зајакнување на меѓународната безбедност.