Унгарија ќе се откаже од своите приговори за создавање фонд за воена помош од 5 милијарди евра за Украина, отворајќи го патот за договор за обновување на инструментот, кој има за цел да обезбеди стабилно снабдување со оружје за Киев, откако земјите-членки ќе ги решат техничките прашања.
Како што пренесуваат странските агенции, Будимпешта вчера на состанокот на амбасадорите на Европската унија најавила дека нема да застане на патот на консензусот, иако договорот за поголем пакет финансиска помош во износ од 50 милијарди евра останува во ќорсокак.