Уникатен случај во историјата на фудбалот: Карим Бензема потпишал за Министерството за спорт на Саудиска Арабија!?

Карим Бензема (35) стави крај на 14-годишниот престој во Мадрид! Најпрво, кога кралскиот клуб објави дека францускиот напаѓач го напушта „Сантијаго Бернабеу“, не беше јасно во кој клуб ќе ја продолжи кариерата последниот освојувач на „Златната топка“, но шпанските медиуми ја отстранија дилемата.

Тоа е уникатен случај кој не се случил во историјата на фудбалот: Бензема потпишал двегодишен договор со Саудиска Арабија!? Значи, не со одреден клуб од таа земја, туку со државата, односно со Министерството за спорт на Саудиска Арабија!

На социјалните мрежи се појавија информации дека капитенот на Реал Мадрид ќе го носи дресот на Ал Итихад ( и тоа веројатно е точно ) но се вели дека сопственоста на договорот ќе биде со Министерството. Саудијците на овој начин се заштитија, бидејќи сакаат да го испратат Французинот во тим кој сигурно ќе игра во азиската Лига на шампиони.

Годинава Ал Итихад обезбеди пласман во Лигата на шампионите, па многу е сигурно дека Бензема ќе заврши таму, но доколку тој клуб следната година не ја обезбеди елитата, ќе може ли државата да го префрли во друга?!

Па, тоа го видовме во модерните спортови…

Кога станува збор за платата, таа ќе биде астрономска, како што беше најавено. Речиси сите медиуми во тимот тврдат дека Бензема склучил 100.000.000 евра нето по сезона. Во исто време, постои и опција за трета година.

Идејата на Саудијците е да имаат три големи светски ѕвезди во трите најпопуларни клубови таму. Кристијано Роналдо е во Ал Наср, Бензема ќе биде во Ал Итихад, додека Лионел Меси треба да пристигне во Ал Хилал.

Во Ријад веруваат дека со трио такви асови како промотори ќе имаат поголеми шанси да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година.