Северна Македонија досега примила 6.000 украински бегалци кои морале да ја напуштат својата земја како резултат на тамошната војна, покажуваат податоците на УНХЦР и Агенцијата за азил на ЕУ.
Според институциите, овие бројки се до јануари 2023 година и нашата земја е на второ место по бројот на примени Украинци во однос на земјите од Западен Балкан.
Од регионот најмногу бегалци прими Црна Гора, 32.000, Србија 2.700 Украинци, Албанија 2.300, БиХ 100. Косово прими само 13 новинари од Украина, иако претходно тие изразија подготвеност да примат 5.000 бегалци и 20 новинари.
Трите главни европски земји кои прифатиле најмногу украински бегалци се Полска со 1,6 милиони, Германија со еден милион и Чешка со 476.000.