Упорното момче го чекало Меси 10 часа пред неговиот дом, а потоа Антонела го поканила внатре, тој бил воодушевен (ВИДЕО)

Го воодушевија навивачот кој патувал низ Европа.

Аргентинскиот футсал играч Хуан Полкан е награден за упорноста додека патува низ Европа. За време на гостувањето во Париз, голем фан на Лионел Меси реши да се обиде да го види идолот на аргентинските навивачи кои минатата есен ја прославија титулата светски првак.

Полкан дури чекаше 10 часа за да го види Меси.

Стигнав таму во осум часот наутро во Париз и ми требаа 45 минути да ја најдам куќата на Меси. Почнав да го чекам во девет часот кога видов дека отишол на тренинг. Кога се врати околу 13 часот, не можев да се доближам до него, но бев сигурен дека ме виде. Околу 15:30 Антонела излезе, го спушти прозорецот од автомобилот, разговараше со нас и рече дека ќе ги земе децата од училиште. Три часа подоцна таа се појави, но не ми даде шанса да се запознаам“, пишува во својата објава Аргентинецот кој се прослави на Инстаграм.

Кога требало да се откаже, а обезбедувањето на славниот фудбалер размислувало да контактира со полиција, повторно се појавила Антонела и го повикала да влезе во куќата.

„Тоа беше неверојатен момент. Му кажав на Меси дека го сакам, направивме неколку фотографии. Ми стави потпис на дресот на клубот за кој играм, ме прегрна и ми стави потпис на раката“, изјави Полкан, кој потписот на Меси ќе го претвори во тетоважа.

Им се заблагодари на Меси и Антонела

„Соништата се остваруваат, а јас го исполнив мојот најголем. Скромноста со која ме прими, едноставноста. Вие сте најдобри во историјата на фудбалот, но пред се сте неверојатна личност. Како и Антонела, која направи се за да ме пречека во својот дом, да ми го исполни сонот. Ова го пишувам со солзи во очите, уште се тресам. Те сакам Лео, ти благодарам за овој незаборавен момент“, напиша малолетниот фудбалер и на крајот откри:

„Првото нешто што го видов беше Меси како стои пред мене во шорцеви и влечки. Мојата цел не е да станам вирален на Интернет. Сакам светот да открие колку е едноставен и скромен“.