УРЕД ЗА БАКНУВАЊЕ НА ДАЛЕЧИНА Е НОВИОТ „КРИК“ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА: Кинезите патентираа необичен уред кој им помага на паровите кои се разделени

Дали и вие би ја користеле оваа технологија?

Паровите кои се во врска на далечина наскоро, освен што ќе се видат преку видео разговор и ќе се слушнат на телефон, би можеле и да се „бакнуваат“ благодарение на малку бизарната направа создадена во Кина.

Уредот, кој изгледа како вистински усни, е направен од подвижни усни покриени со силикон, а се активира преку апликација. Заинтересираните можат да го купат за 37 долари преку Taobao.

Како што е наведено, тоа е активирано од сензори кои ја имитираат вистинската атмосфера, движења, а исто така и топлината на усните на љубовникот. Уредот е создаден од универзитетски тим во кинеската провинција Џиангсу, а Џијанг Жонгли е идентификуван како главен пронаоѓач, пишува Глобал тајмс.

Овој изум е особено наменет за парови кои се разделени со растојание, но како што е наведено, може да се користи и преку виртуелни средби со луѓе на Интернет.

„Бев во врска на далечина со девојка на факултет, па контактиравме само по телефон. Оттаму дојде инспирацијата за овој уред“.

Уредот се користи со поставување на долниот дел од телефонот во него, а личноста која ја „бакнувате“ можете да ја гледате на екранот додека се случува интимниот чин на галење.