Урнебесната реакција на Мелони на состанокот на Г7: Што ѝ шепна Макрон што ја натера да преврти очи? (видео)
Состанокот на земјите-членки на Г7 во Канада, освен што беше можност за билатерални и други средби на лидери, повторно беше во фокусот поради реакцијата на италијанската премиерка Џорџија Мелони.
Пред почетокот на седницата, камерите го снимија моментот во кој францускиот претседател Емануел Макрон ѝ се приближи на италијанската премиерка и ѝ кажа одредени работи „доверливо“.
Иако светските лидери се обидуваат да ги држат лицата без израз, Мелони не можеше да ја скрие својата реакција на она што ѝ го кажа Макрон и во еден момент го погледна Макрон, а потоа „преврте со очите“.
Сè уште не е познато за што разговарале Макрон и Мелони во тој момент, но сите забележале дека Мелони гледал во правецот каде што седел Доналд Трамп.
Италијанската премиерка се обрати кратко по состанокот на Г7 и рече дека ја искористила можноста да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Разговаравме за главните меѓународни прашања, со посебен фокус на ситуацијата во Иран и на Блискиот Исток. Исто така, се осврнавме и на прашањето за економските односи меѓу ЕУ и САД, повторувајќи ја важноста од зајакнување на трансатлантската соработка“, рече Мелони.