Гаги Ѓогани, таткото на Луна Ѓогани, е многу активен на Тик Ток, а сега објави урнебесно видео на кое многумина коментираат дека тој е „нашиот Брус Ли“.
Гаги, познатиот танчер, често објавува видео снимки на кои танцува, а сега фати нунчаки и ги покажа своите вештини на базен.
Неговиот брат Баки Б3 беше меѓу првите кои се пошегуваа на негова сметка.
Брус Ли не е мртов, се снима вториот дел! – напиша тој, а набрзо следеа коментари:
„Брус Ли е жив додека е Гаџија Џогани“, „Браво дедо“, „како да имаш 25 години, браво“, „хахаха крал“… се дел од коментарите на мрежите, а можете да погледнете видеото погоре.
Инаку, Гаги Ѓогани наскоро ќе добие уште една внука. Неговата ќерка Луна Ѓогани е во друга состојба и таа и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ чекаат девојче на кое ќе му дадат име Лана.