Масовниот убиец Урош Блажиќ во изјава за Управата во затворот во кој се наоша, во неделата на 15 декември изјавил дека бил нападнат, изјавија од УИКС за српскиот портал „Телегрфа.рс“.
Потоа во понеделникот на 16 декември изјави дека ја одбива храната на установата, но не сакаше писмено да ги наведе причините зошто почнал да ја одбива храната на институцијата.
Управата на затворот веднаш ги презела сите мерки кои вклучувале и одведување на ова лице на лекарски преглед. Ова лице повторно почнало да зема институционална храна во четвртокот на 19 декември и за сето тоа време лекарот неколку пати го прегледал, што е дел од редовната процедура кога едно лице ќе објави дека не јаде храна подготвена во установата.
– Поради сето наведено, со лицето разговараше и судијата за извршување на Вишиот суд во Смедерево бидејќи управата на институцијата за сите наводи веднаш го известила.
Управата на установата денеска на 26 декември ги доставила сите медицински извештаи и други материјални докази, видео материјал и службени белешки до судијата за извршување на Вишиот суд во Смедерево – изјавија за „Телеграф.рс“.