– Кевин Секниќи по потекло од северниот албански град Скадар донирал милион долари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Секниќи, прогласен од „Форбс“ како еден од 30-те најуспешни луѓе до 30-годишна возраст во финансискиот свет и економскиот развој.
– Кевин Секниќи е најмладиот ко-основач на Ава лабс, кој одигра клучна улога во создавањето на Avalanche, брз блокчејн кој брои над три милиони корисници и во создавањето на АВАКС, криптовалута со пазарна вредност од 4 милијарди долари, пренесуваат албанските медиуми.
Пред да биде ко-основач на Ава Лабс, Кевин бил кандидат за докторат по компјутерски науки во Корнел, спроведувајќи истражување во дистрибуирани системи, криптографија, безбедност и економија.
Секниќи претходно имал спроведено истражување и софтверско инженерство во познати организации, вклучувајќи ги Мајкрософт и НАСА.