Вооружен маж, тврдејќи дека дејствува „за Газа“ синоќа девет часа држел како заложници седуммина вработени во турската фабрика на американската компанија Проктер и Гамбл (Procter & Gamble) во предградието на Истанбул.
Заложниците се ослободени живи и здрави, соопштија локалните додавајќи дека киднаперот е уапсен.
Гувернерот на провинцијата потврди дека човекот кој ги држел заложниците е „неутрализиран“.
Напаѓачот ја оправда својата постапка велејќи дека сакал да ги осуди израелските воени операции во Појасот Газа, изјави полициски извор.