Уставниот суд во Романија ги потврди резултатите од првиот круг на претседателските избори

Уставниот суд на Романија во понеделникот ги потврди изненадувачките резултати од првиот круг на претседателските избори, со што се создаде можност за легитимно одржување на вториот круг на 8-ми декември што, кaко што се стравува во Брисел, може да ја наруши досегашната прозападна ориентација на Букурешт и да ја поткопа поддршката на земјата за Украина.

Поради ваквите стравувања беше издејствувано романскиот Уставен суд да одлучи, иако немаше никакви обвинувања и докази за лажирање на изборните резултати, дали ќе се повтори првиот круг од претседателските избори на кои фаворизираниот прозападен премиер .

Пресудата ја отстранува неизвесноста што ја надвисна нацијата откако судот нареди повторно пребројување на гласовите минатата недела по победата на 24-ти ноември на помалку познатиот кандидат на крјаната десница Калин Џорџеску, што предизвика сомневања за наводно надворешно мешање во изборниот процес на земја која со досегашната власт е цврст сојузник на Украина и важна база на НАТО кон Русија.

Во вториот круг на 8-ми декември, Џорџеску кој навестува дистанцирање од ЕУ и НАТО, ќе се соочи со противничката од десниот центар, Елена Ласкони.

Во неделата во Романија се одржаа парламентарни избори, на кои поединечно води владејачката левичарска Социјалдемократска партија (PSD), но крајно десничарските партии освоија третина од местата во новиот законодавен дом и трипати повеќе мандати отколку во досегашниот составна парламентот.

изненадувачката победа на крајно десничарскиот независен кандидат Калин Џорџеску во првиот круг од претседателските избори, што ја зголеми загриженоста на Западот за стратешкото позиционирање на Романија.

Крајната десница, разединета во неколку групи, но обединета околу одбраната на „христијанските вредности“ и прекинот на помошта за Киев во име на „мирот“, не го крие задоволството од изборните резултати.

Кој ќе ја има можноста да формира владата на крајот ќе зависи од тоа кој ќе победи во претседателската трка, бидејќи претседателот го избира мандатарот за премиер од парламентарното мнозинство.

Изборите се одржаа во тензична атмосфера откако Уставниот суд во четвртокот нареди пребројување на гласовите во првиот круг од претседателските избори, во пресудата за која набљудувачите велат дека ризикуваше да го наруши кредибилитетот на државните институции пред уште две гласање. Одлуката за пребројување на гласовите дојде откако конзервативниот претседателски кандидат Кристијан Терхес, кој освои еден процент од гласовите во неделата, го оспори резултатот од гласањето.