Уставниот суд оформи пет предмети, меѓу нив и за коридорите 8 и 10

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива поднесена за член 10 став 4 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово-Гостивар-Букојчани) и проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан) и коридорот 10 (делница на автопатот Прилеп-Битола) .

Со оспорениот став од членот 10 се предвидува на Стратешкиот партнер да му се дозволи да почне истражување и експлоатација на минерални суровини уште со чинот на поднесување на барањето за концесија од страна на Инвеститорот. Поднсителот смета дека одредбата е во спротивност со сите применливи регулативи за минерални суровини. Подносителот приложува пресуди, вешт наод и мислење со кој утврдува дека должниците го немаат комплетирано барањето за концесија за експлоатација, дека минирањата се изведени без целосна документација и без записници за извршените минирања. Според наводите во неговото барање, го известува Судот дека незаконски, без негово знаење и одобрување, му е преземан имот, и во текот на судските постапки било утврдено дека ја продал сопственоста поради влошената имотна состојба која настанала по семејни здравствени ситуации. Вакви иницијативи имало и порано, но не се отворени процедури. Законот чиј член се оспорува е дел од законите кои претходната власт ги стави под знамето на ЕУ со цел побрзо спроведување на работите на Коридорите 8 и 10-д.