Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим.
Во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот на Воскресението беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа испеани и трите статии со кои го опеваме Христовото опело.
На Утрената богослужба чиноначалствуваше Неговата светост патриархот Ерусалимски Теофил со архиереите на Ерусалимската патриаршија.
На богослужбата присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф кој со благослов и одлука на САС на МПЦ-ОА ја предводи црковната делегација.