УХМР: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на граничните премини нема чекање од страна на Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на движење надвор од градските средини е просечен, додека на граничните премини од северномакедонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
УХМР препорачува регулирање на брзината, почитување на утврдените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност за одрони.
Ова особено се однесува на сегментите Катланово – Велес, Маврово – Дибар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.