Ученик донесол нож на училиште и побарал да ја види наставничката! Хорор во Милано, повредени професори: Бегаше, го фатија карабинерите

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил во средата на 24 април, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.