Учениците и студентите бараат безбеден јавен превоз

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколци и студенти (ОДАС) реагира на нефункционалниот и небезбеден јавен превоз кој може да ги остави средношколците и студентите без избор да одат на училиште и на факултет.

„Моменталниот застој и прекин на јавниот транспортен систем во Град Скопје доведе до можност учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин за одење на училиште или факултет. Недостатокот на сигурен јавен превоз стана пречка за достапно образование за многу студенти.

Бараме Град Скопје да се заложи за решавање на овој проблем до септември, односно на почетокот на академската година.

Апелираме што поскоро да се реши овој проблем за студентите да можат достоинствено да ја започнат учебната година“, се вели во соопштението на ОДАС.