Одделенска наставничка претепала прваче во училиште во Липецк, град во западна Русија, при што детето добило модринка на меките ткива на лицето, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација за регионот.
Во медиумите се појави видео на кое девојката по име Ева ја прашуваат кој ја удрил, а таа одговара дека тоа е нејзината учителка.
Според локалните медиуми, инцидентот се случил во четвртокот.
Повикувајќи се на таткото на девојчето, тие известуваат дека учителката ја удрила неговата ќерка која е прво одделение. По инцидентот родителите се јавиле во полиција. Во исто време, таткото е сигурен дека ова не е првпат класен раководител да крене рака на едно од децата. Една од мајките вели дека и нејзиниот син бил претепан од класниот раководител.
„Во медиумите и социјалните мрежи кружеше дојава за физичка повреда на ученичка од страна на нејзиниот одделенски наставник во едно од училиштата во регионалниот центар. По прегледот на ученикот од прва година во медицинска установа, поставена е прелиминарна дијагноза – контузија на меките ткива на лицето“, објави Истражниот комитет на Руската Федерација на својот канал Телеграм.