УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ШОК ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА: Германскиот производител на автомобили ги отпушта сите свои работници

Германскиот производител на автомобили Sono Motors е во неволја и покрај разговорите со потенцијалните инвеститори.

Според германските медиуми, изгледите за склучување животоспасувачки деловни договори за фабриката се многу мали, пренесува „Феникс-Магазин“.

Компанијата со седиште во Минхен, која западна во финансиски тешкотии, веќе отпушти голем број вработени во текот на изминатата година, а сега, според германските медиуми, преостанатите работници се соочуваат со отпуштања по барањето за стечај.

Соларен автомобил

Компанијата соопшти дека не може да најде инвеститор и дека и покрај преговорите има мали шанси за брз договор. Поради оваа причина, предвидено е откажување на договорите за работа на преостанатите работници. Се очекува отпуштањата да стапат на сила во наредните денови.

Соно Моторс првично планираше да направи револуција на пазарот со својот соларен електричен автомобил Сион, но планот пропадна.

Сега технологијата ќе се продава на други производители на автомобили. Останува неизвесно како и дали ќе се продолжи со работа во производните погони.