Уште еден подвиг на лекарите од Универзитетската болница Ниш: Поставен најмалиот пејсмејкер на светот (ФОТО/ВИДЕО)

Пејсмејкерот вграден кај двајца пациенти денес ги има сите функции од стандардниот

На Одделот за интервентна кардиологија, на Клиниката за кардиологија во Ниш било извршено уште едно вградување на најмалиот пејсмејкер во светот, што претставува голем чекор напред во областа на интервентната кардиологија. 

Во оваа прилика, директорот на УЦК Ниш, проф. д-р Зоран Перишиќ со менаџментот одржа конференција на која потсети на сите новитети од областа на кардиологијата кои ја одбележаа оваа година на УКЦ.

Микропејсмејкер, со големина на мала капсула, годинава е вграден кај 12 пациенти со нова, минимално инвазивна метода, во просторијата за катетеризација на Клиниката за кардиологија во Ниш.

Пејсмејкерот кој денес е вграден кај двајца пациенти ги има сите функции од стандардниот, но е неопходен за група пациенти кај кои постои поголем ризик од класичната имплантација.

Тоа значи дека стандардната инсталација ќе биде доминантна, но одредени пациенти ќе имаат алтернатива благодарение на ова техничко достигнување.

Микропејсмејкерот се вградува директно во внатрешноста на срцевиот мускул преку феморалната вена и не бара класична хируршка интервенција што се користеше досега.