Уште еден шок за најсилната економија во Европа – компанијата која требаше да испише историја во автомобилската индустрија во Германија е пред банкрот !?

Работите изгледаат лошо за германскиот производител на автомобили Sono Motors и покрај разговорите со потенцијалните инвеститори.

Според германските медиуми, изгледите за склучување животоспасувачки деловни договори се многу мали.

Компанијата со седиште во Минхен, која западна во финансиски тешкотии, веќе отпушти голем број вработени во текот на изминатата година, а сега, според германските медиуми, преостанатите работници се соочуваат со отпуштања по барањето за стечај.

соно мотори, електричен автомобил

Компанијата објави дека не може да најде инвеститор и дека и покрај преговорите, мали се шансите за брз договор. Поради оваа причина, предвидено е откажување на договорите за работа на преостанатите работници. Се очекува отпуштањата да стапат на сила во наредните денови.

Sono Motors првично планираше да направи револуција на пазарот со својот соларен електричен автомобил, но планот пропадна. Сега технологијата ќе се продава на други производители на автомобили.

Останува неизвесно како и дали ќе се продолжи со работа во производните погони.