Уште тројца повредени во пожар во Кочани на лекување во Турција

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција, соопшти попладнево турската амбасада. Тројца млади денеска со авион се пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул.

Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружуваше повредените до Меѓународниот аеродром, по нивното заминување од Скопје.

Во Турција моментално се лекуваат 12 повредени лица. Од нив половина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека другата половина се во болницата „Билкент Шехир“ во Анкара.

Во меѓувреме, заменик министерот за надворешни работи и главен преговарач со ЕУ, Мехмет Кемал Бозај, изрази сочувство до целиот народ на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот настан во Кочани.