Фан го истетовира ликот на Теа Таировиќ: Пејачката остана во неверување, го прегрна и му ги кажа овие зборови

Пејачката Теа Таировиќ на 14 февруари, настапи во Никшиќ.

Таа како и секогаш ја запали атмосферата и со своето пеење и играње ги остави сите без зборови.

Теа Таировиќ

Меѓутоа, сега и самата пејачка е изненадена. Таа доби роза од еден обожавател, додека друг дури и го имаше истетовирано нејзиниот лик на градите.

Младото момче непознато за јавноста преку мрежите се пофали со овој потег, а објави и фотографија на која самата пејачка го прегрна.

Теа не можеше да поверува и почувствува потреба јавно да му се заблагодари:

Теа Таировиќ

– Ти благодарам Никшиќ! Голема благодарност и до Радован, кој го истетовира мојот лик на градите и беше на настапот вечерва! Немам зборови, многу сум благодарна!