ФАТАЛЕН КРАЈ !? Пронајдени делови од исчезнатата подморница – Американската крајбрежна стража објави итен повик – еве што открил роботот во океанот!

Како што е наведено, американската крајбрежна стража објави дека далечински управуван брод (ROV) кој учествува во потрагата открил „површина со остатоци“ во близина на потонатиот брод „Титаник“, односно во областа на потрагата по исчезнатата подморница „Титан“.

Експертите во рамките на обединетата команда ги оценуваат новите информации“, се вели во соопштението до јавноста.

За вечерва во 22:00 часот по македонско време е закажана прес-конференција на која ќе бидат соопштени повеќе податоци. Од ова соопштение на крајбрежната стража се уште не е целосно јасно дали остатоците се поврзани со подморницата по која се трага.

Инаку, канадскиот брод „Horizot Arktik“ распореди POV кој стигна до дното на океанот и ја започна потрагата што денеска ја објави и крајбрежната стража на САД.

Малата туристичка подморница го испратила последниот сигнал до матичниот брод во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето. Во него се вклучени британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на OceanGate Expedition, компанијата што ја организира оваа турнеја.