Најубавата жена на светот ги открива своите трикови за совршена шминка! Без оваа работа Бела Хадид никако не го напушта домот – погледнете!

Познатата Бела Хадид открива мејкап трикови за гламурозен изглед!

Моментално високо позиционирана во светот на модата, згодната Бела Хадид, која своевремено беше прогласена за најубава жена на светот според компјутерските параметри, е пример за многу девојки.

Иако манекенството ги крие своите темни страни, како што се ригорозните диети, естетските процедури и трикови за „убавина“, сепак има некои работи кои се безопасни.

Како што еднаш откри и самиот супермодел, таа научила многу трикови за својот изглед од шминкерите и совети од Интернет, поточно социјалната мрежа Тик Ток.

Бела Хадид

Сакам да откривам трикови за убавина на таа социјална мрежа“, открила еднап Бела Хадид. Сепак, таа е особено ентузијастичка за техниката на шминкање која ја научила од познатата шминкерка Шарлот Тилбури.

Она што е тајната на лицето на Бела Хадид секогаш кога ќе ја видите на јавни настани е техниката што таа често ја користи. Станува збор за шминка со точки и мешање на пудра и руменило.

Трикот е всушност во течното руменило кое треба да го нанесете во точки на образите и јаболчниците „до ушите“, а потоа истите тие точки да ги премачкате нагоре со четка или „бјути блендер“ за да се спојат со тенот. На овој начин се постигнува добро познатиот ефект на затегнување на лицето.

Исто така, карминот е незаменлив дел од нејзиниот изглед. Како што еднаш таа откри, карминот многу влијае на расположението.

Навистина мислам дека карминот може да влијае на нашето расположение, па изборот на боја на кармин зависи од тоа што правам тој ден или како се чувствувам“, нагласила Бела Хадид.