ВО ЦЕНТАР – Човекот кој го стави пола Балкан на црната листа на САД е нов булдожер за уставните измени | ВИДЕО

Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) го потврди назначувањето на Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

Неговото назначување го поддржаа 67 сенатори, додека 31 член на Конгресот се изјаснија против. Оваа вест беше објавена доцна во вечерта претходниот ден на профилот на американскиот Сенат на социјалната мрежа Х (Твитер).

Оваа вест на македонската јавност прв ја објави сопственикот на веб-порталот vocentar.com и автор на најгледаната политичка емисија во државата „ВО ЦЕНТАР“ – Васко Ефтов.

Доцна во ноќта претходниот ден преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, новинарот Васко Ефтов им се обрати на македонската јавност со многу важна вест од типот на „BREAKING NEWS“.

Оваа вест е многу важна за сите граѓани на Република Македонија, но уште поважна за сите политички процеси што во моментот се случуваат во државата.

КОЈ Е ЏЕЈМС О’БРАЈАН ?

Џејмс О’Брајан е човекот кој го стави пола Балкан на фамозната црна листа на САД, а од денес е претпоставен на Габриел Ескобар кој е специјален претставеник на Стејт департментот за Западен Балкан. Џејмс О’Брајан сега доаѓа на една од трите клучни позиции односно тој ќе биде еден од трите клучни играчи на државниот секретар Ентони Блинкен во решавањето на македонското прашање т.е. уставните измени или патот на Република Македонија кон Европската унија.

Џејмс О’Брајан досега беше прв човек на одделот за казни и санцкии, а на црната листа на САД ја стави целата екипа на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, но тој им „пресуди“ и на Никола Груевски, Сашо Мијалков и Јордан Камчев, а сега влегува во процесот на уставни измени во Македонија.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Човекот кој го стави пола Балкан на американската црна листа нов булдожер за уставните измени! #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #tiktokmacedonia #US #USA #breakingnews #tiktokUSA #Balkan #tiktokbalkan #Serbia #Albania #JoBiden #Biden #statedepartment

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Пред десетина дена во Њујорк, во организација на синот на Џорџ Сорос, Александар Сорос, има работна вечера каде што за прв пат е најавено дека Џејмс О’Брајан ќе дојде на таква клучна позиција. Одсега понатаму главниот збор за сите лидери од Западен Балкан го има токму овој човек.

ЏЕЈМС О’БРАЈАН Е СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА БАЛКАНОТ

Џејмс О’Брајан е автор и идеолог на целиот концепт на OPEN BALKAN (Отворен Балкан) во кои членуваат Македонија, Србија и Албанија. Тој исто така е креатор и на Дејтонскиот мировен договор со кој се става крај на војната во Босна и Херцеговина, а учествува и во договорите за решавањето на косовското прашање.

Покрај ова, најважно за македонската јавност е дека Џејмс О’Брајан учествува во преговорите за Охридскиот рамковен договор и е десна рака на Медлин Олбрајт, поранешната државна секретарка на САД или една од иконите на Демократската партија, партија од каде што потекнува и претседателот на САД, Џо Бајден.

Џејмс О’Брајан исто така е во добри врски и со поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Лоренс Батлер, кој е прогласен за почесен граѓанин на Куманово во време кога градоначалник на градот е Слободан Ковачевски – Таче, таткото на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Оваа вест е исклучително важна за македонската политичка ситуација, следете не бидејќи вие имате право да ја знаете вистината.