ШТО СЕ СЛУЧУВА НА КРИМ !? Русите итно ги евакуираат бродовите од Севастопол

Русија префрли неколку бродови на Црноморската флота од пристаништето Севастопол, Крим, до пристаништето Новоросијск, Русија, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW).

Тие додадоа дека овој потег најверојатно е обид да се заштитат од континуираните украински напади врз руските средства на окупираниот Крим.

Исто така, се забележува дека сателитски снимки објавени на 1. и 3. октомври покажуваат дека руските сили префрлиле најмалку 10 бродови од Севастопол во Новоросијск.