Главниот град на Нагорно Карабах пуст: улиците на Степанекерт празни, градот изгледа страшно (ВИДЕО/ФОТО)

Иако официјалните претставници на Баку тврдеа дека сакаат реинтеграција на регионот без дискриминација на локалното население, ерменското население реши да побегне по неодамнешните настани

Речиси сите Ерменци побегнаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, откако пред две недели азербејџанската армија со вооружена операција за два дена ја презеде контролата врз тој регион .

До неодамна, населението на Нагорно-Карабах се проценуваше на околу 145.000 луѓе. Сепак, мисијата на Обединетите нации што го посети регионот оваа недела објави дека таму останале помалку од 1.000 луѓе, според извештајот на независниот руски медиум Медуза.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан го обвини Азербејџан за етничко чистење. Патиштата кои водат до главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт, сега се речиси празни, а на нив може да се забележат претежно возила на азербејџанската полиција и војска.

Градот, како што покажуваат бројните фотографии и видеа на социјалните мрежи, стана „град на духови“ откако локалното население ја напушти областа и главно се пресели во Ерменија .

Планинскиот регион на југот на Кавказ е меѓународно признат како територија на Азербејџан, иако претежно бил населен со Ерменци.

Нагорно-Карабах е под сепаратистичка локална власт веќе три децении, а Ерменија и Азербејџан двапати војуваа за оваа област. Пред две недели, азербејџанските сили презедоа целосна контрола врз регионот.

Иако официјалните претставници на Баку тврдеа дека сакаат реинтеграција на регионот без дискриминација на локалното население, ерменското население реши да побегне по неодамнешните настани.