САД: Судењето на Доналд Трамп започнува на 24 август во Флорида

Американските медиуми веруваат дека првичниот датум на судењето може да се промени бидејќи се очекува адвокатите на Трамп да побараат одложување

Судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да започне на 14 август, а се работи за судски процес во кој тој се товари по 37 точки од обвинението за наводно прикривање доверливи владини документи.

Судијата Ејлин Канон во американската сојузна држава Флорида нареди поднесување предистражни барања до 24 јули.

Американските медиуми веруваат дека првичниот датум на судењето може да се промени бидејќи се очекува адвокатите на Трамп да побараат одложување.

Специјалниот обвинител Џек Смит рече дека судењето на Трамп може да биде завршено за само 21 ден. Тој се изјасни за невин.

Трамп е првиот поранешен американски претседател кој се соочи со федерални обвиненија.

Тој, исто така, се соочува со државни обвиненија поврзани со бизнисот во Њујорк.