Петровска: Средбата со О’Брајан уште една потврда за силната американска поддршка за членството на Македонија во ЕУ

На средба со Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД  за Европа и Евроазија, уште една потврда за силната американска поддршка за членството на Македонија во Европската Унија, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска, на нејзиниот фејсбук профил. 

Интеграцијата е клучна за гарантирањето на безбедноста и просперитетот на регионот и на Северна Македонија, објави Петровска.

– САД  е најблискиот глобален партнер на Европската Унија . Со Македонија како членка, ЕУ ќе биде посилна и пообединета. Македонските граѓани ги живеат европските вредности и затоа ние припаѓаме на големото семејство на европски народи. Интеграцијата е и најдобар одговор на сè побројните обиди за штетни влијанија на трети страни во регионот. Да донесеме храбри и државнички одлуки кои ќе го отворат патот кон една попросперитетна иднина за нашите граѓани, напиша на фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска.