– Полициски службеници уапсиле кумановец кој бил затекнат при обид да изврши кражба во стан во Куманово.
-Утрово во 02:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ј.(22) од Штип. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во стан на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, сопственост на К.К.(67) од Куманово, соопштуваат од Министеството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.