Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 02.00 часот, го лишиле од слобода Д.Б. (36 г.) од Куманово.
Тој, со употреба на сила, од три патнички моторни возила на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полициски службеници.
Од МВР денеска информираа дека Д.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.