Вработените кои се директно поврзани со буџетските прашања, што е исклучително важно, треба да имаат соодветна оценка, рече меѓу другото министерот за финансии Фатмир Бесими за одлуката за зголемување на платата во администрацијата на ова министерство.
Бесими рече дека со последната законска одлука за платите, според зголемувањето на минималната плата, ќе продолжат да растат и останатите плати.
„Министерот Бесими ги зголеми платите само во финансии, не е така. И лани го кажавме истото, сме за систематски решенија. Така најдовме решение и со минималната плата, со пензионерите и со законот за државни административци, каде минималната плата, подобрувањето, е вклучена во просечната плата во целата државна администрација, не само во Финансии.
И во овој дел синдикатите не треба повеќе да се грижат бидејќи со оваа законска измена се обезбедува интегритет и стандард на вработените во администрацијата, односно од март кога ќе има усогласување на минималната плата, од 18.000 ќе покачи на пример за 2.200 денари дополнителни, односно ќе стане 20.200, првично нема да има никој во администрацијата под минималната плата, но сега сите, не само тие, сите што ги прилагодија своите закони на Законот за администрација. , ќе има зголемување на платата за 2.200 денари“, рече меѓу другото Бесими.